СРЕДБА СО ГРАЃАНИ НА РЕГИОНАЛНИОТ ЦЕНТАР ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ ЗА ЗАКОНОТ ЗА БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

WEB Телевизија во живо

Регионален центар за одржлив развој – Гевгелија организираше средба со граѓани на која законски експерт го презентираше Законот за бесплатна правна помош и останатите закони кои ги третираат човековите права. Присутните имаа можност да се запознаат со механизмите и можностите каде и како да се обратат доколку имаат некој проблем,потреба или нарушено право. Средбата се одржа во просториите на Центарот за социјална работа- Гевгелија на 23 ноември 2023 година со почеток од 17:00 часот до 20:00 часот.
 
Средбата е дел од активностите во рамки на проектот „Биди дел од системот“!, финансиран од Европската Унија во рамките на проектот „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“.
И понатаму се планираат средби со законодавен експерт кој им помага на граѓаните во остварување на нивните права пред институциите. Граѓаните ќе бидат известени на социјалните мрежи и во просториите на Центарот за социјална работа-Гевгелија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *