СО ПОДИГАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ДО ОДРЖЛИВИ КОМУНАЛНИ УСЛУГИ

WEB Телевизија во живо

Регионална средба за Југоисточниот регион се одржа денес во Гевгелија во рамки на осумте настани кои ги организираат АДКОМ – Здружение на даватели на комунални услуги на Република Северна Македонија во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ согласно проектот „Со подигање на јавната свест до одржливи комунални услуги“.
 
Овој проект претставува можност за соработка помеѓу централната и локалната власт и ЈКП и зголемување на нивната координираност и комуникација, а има за цел да ги обедини централната и локалната власт, како и јавните комунални претпријатија, во заеднички напор за подигање на јавната свест за значењето на комуналните услуги.
 
На настанот се дискутираше на темата заподигнување на јавната свест и едукација за значењето на селектирањето на отпадот и неговата важност за концептот на Циркуларна економија.
Пред присутните свои обраќања имаа Раско Чочков, директорот на ЈПКД „Комуналец“ од Гевгелија, Ана Мазневска, раководител на сектор отпад при Министерството за животна средина, Вера Љатева од Државниот инспекторат за животна средина и Пеџце Милевски, претседател на АДКОМ-Здружение на даватели на комунални услуги.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *