СО ПЕТ ПОБЕДИ ОД ПЕТ НАТПРЕВАРИ , КОШАРКАРИТЕ НА „ГЕВГЕЛИЈА“ ЛИДЕРИ НА ТАБЕЛАТА НА ТРЕТАТА КОШАРКАРСКА ЛИГА-ИСТОК

WEB Телевизија во живо

Овој викенд се одиграа натпреварите од петтото коло од Третата кошаркарска лига-Исток. Екипата на „Гевгелија“ гостуваше во Скопје, каде се сретна со тимот на „Младинец“. Во текот на целиот натпревар, гевгеличани беа поквалитетниот тим, имаа водство, во еден момент дури и од 19 кошеви разлика. После едно мало опуштање при крајот на натпреварот, противникот успеа да ја намали разликата, но сепак на крајот натпреварот го доби подобриот, екипата на „Гевгелија“ која победи со резултат 90-86( 49-37).
По одиграните 5 кола, „Гевгелија“ заседна на првото место на табелата со пет победи од пет натпревари. На второто и третото место се екипите на „Водњански лисици“ и на „Бутел“ со идентичен скор 3 победи и два пораза.
 
Групата „Исток“ ја сочинуваат: Младинец – Скопје, Феникс спорт – Скопје, Вардар-Скопје, Бутел-Скопје, Водњански Лисици – Скопје, Маџари – Скопје, Ролинг-Струмица, Струмица, Овче Поле – Свети Николе, Баскет Кам – Македонска Каменица.
Согласно со системот за натпреваруавње, се игра двокружен бод систем – ФИБА-Бергер, по принцип секој со секого, односно еднаш дома, еднаш на гости. Екипите пласирани од првото до четвртото место играат плеј-оф завршница. Екипите пласирани од петтото до десетотто, односно единаесетото место, остануваат во Третата лига мажи и за следната натпреварувачка сезона 2024/2025.
 
Распоредот на натпреварите во плеј-офот се одредува според пласманот на табелата. Првиот натпревар се игра на теренот на подобро пласираната екипа, се игра според принципот „подовар во три“ натпревари.
Победниците на овие четири серии обезбедуваат пласман во полуфиналето кое се игра според истиот принцип. А двете најдобри екипи од полуфиналните пресметки ќе бидат и нови членови на Втората лига за натпреварувачката сезона 2024/2025.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *