СО БОГАТА МУЛТИМЕДИЈАЛНА КУЛТУРНО-УМЕТНИЧКА ПРОГРАМА ОДБЕЛЕЖАНИ 100 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ВЛАДО КАНТАРЏИЕВ

WEB Телевизија во живо

Синоќа, во Народниот театар – Гевгелија, ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија одбележа 100 години од раѓањето на својот патрон, првоборецот Владо Кантарџиев.
 
Учениците, подготвени од своите ментори- одделенските наставници и наставниците по македонски јазик, ликовно и музичко образование, пред големиот број на публика, ја презентираа богатата мултимедијална програма за чествување на Патрониот празник. Во програмата, беа опфатени активности од сите видови уметност: литература, театар, балет, танц, музика, сето тоа под мотото АМАНЕТ-ЗАВЕТ-БЕСМРТНОСТ.
 
Свечената манифестација, беше отворена со химната на Република Македонија, како и химната на Училиштето, авторско дело на наставникот по музичко образование, Крсте Делев. Директорката на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија, Ружица Икономова, ја прогласи првенката на генерацијата, ученичката Лилјана Мајсторова, по што следуваше драматизација од животот на Владо Кантарџиев, танцот „А бре, Македонче, балетот Заветна, како и стихови на македонските поети, Коста Рацин, Коле Неделковски, Ацо Шопов, Венко Марковски, Славко Јаневски, Томе Арсовски, Гане Тодоровски.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *