ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА ДОНАЦИЈАТА НА СУВЕРЕНИОТ РЕД НА МАЛТА НА ОПШТАТА БОЛНИЦА СО ПРОШИРЕНА ДЕЈНОСТ ВО ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Денес, во посета на Општата болница со проширена дејност во Гевгелија престојуваше Франческо Соверио Ѓусти, Амбасадор на Суверениот ред на Малта во Македонија. 
 
При тоа, тој се задржа во разговор со директорот на болницата, Александар Киров, при што беше разговарано за функционирањето на болницата, како и за идната меѓусебна соработка. Потоа, господинот Ѓусти разгледа неколку одделенија од болницата а ја посети и Итната медицинска помош, во чии простории е сместена донацијата од Суверениот ред на Малта.
 
Во изјава за медиумите, Амбасадорот Ѓусти истакна дека мисијата на Суверениот ред на Малта е хумана и се состои од давање на донации секаде онаму каде што тоа е потребно. Долга е листата на донации на Суверениот ред на Малта на Република Македонија во минатотот, а тоа ќе го правиме и во иднина, истакна Ѓусти. Тој го изрази своето задоволство што е во Општата болница во Гевгелија и што може да види дека донацијата е веќе во функција, бидејќи, потенцираше тој, Болниците во еден град се најважни институции кои се грижат за здравјето на жителите на градот. И во иднина, заврши Ѓусти, подготвени сме да донираме она што е потребно за Општата болница, на наше задоволство и задоволство на граѓаните на ОпштинаГевгелија.
 
Директорот на Општата болница, господинот Киров, ја изрази својата благодарност до Суверениот ред на Малта и нејзиниот Амбасадор во Македонија, Франческо Соверио Ѓусти за донацијата која е сместена во просториите на Итната медицинска помош. Таа се состои, истакна Киров, од нов ЕКГ монитор, нов аспиратор, ново легло за третирање на ургентните пациенти, и комплети за имобилизација. Итната помош, истакна директорот е првата линија за лекување на најтешко повредените и животно загрозените пациенти. Се договоривме нашата соработка да продолжи и во иднина, и се надевам, заврши Киров, дека во и другите одделенија во Општата болница ќе добијата вакви или слични донации.
 
Инаку, Суверениот воен ред на Малта, официјално Суверен воен хоспиталерски ред на Свети Јован од Ерусалим, на Родос и на Малта, попознат како Орден на Малта или Витези од Малта има седиште во Рим и има целосни дипломатски односи со 112 земји, како и со европски и меѓународни организации. Има статус на постојан набљудувач во Обединетите нации. Благодарение на оваа дипломатска мрежа, Редот може брзо и флексибилно да реагира на кризи и катастрофи.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *