ПРОМОВИРАН ПРИРАЧНИК ЗА ПРАВАТА НА СТАРИТЕ ЛИЦА ОД ОБЛАСТА НА СОЦИЈАЛНАТА И ЗДРАВСТВЕНАТА ЗАШТИТА

WEB Телевизија во живо

Во Гевгелија, во хотелот „Аполонија“, за прв пат во нашата држава се промовираше „Прирачник за правата на старите лица од областа на социјалната и здравствената заштита“ на авторот Лазо Трајков, експерт за социјални работи.
Овој прирачник е изработен како дел од проектот „Доживување на втора младост во трето доба“ на Фондацијата Аполонија од Гевгелија кој се спроведува во рамките на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2- Reload 2, која е финансирана од Европската унија а имплементирана од УНДП.
 
Овој проект е кофинансиран од Општина Гевгелија.
Прирачникот „Доживување на втора младост во трето доба“ има за цел да ја подигне свеста и знаењата за правата и потребите на старите лица од областа на социјалната и здравствената заштита и нивното поблиско опкружување.
Самиот прирачник, кој пред присутните го промовираа самиот автор Лазо Трајков и претседателот на Фондацијата Аполонија, Ацо Ристовски, се состои од четири дела. Во првиот дел се дадени информации за проектот, целите и активностите, вториот дел се однесува на информации неопходни за остварување на права од социјалната заштита, третиот дел се однесува на остварувањето на правата од здравствената заштита и, на крајот, во четвртиот дел се дадени заклучоци и препораки за подобрување на животот на старите лица.
 
Севкупната цел на проектот е зголемување на социјалната инклузија и подобрување на квалитетот на живот на старите лица, активно стареење и поттикнување на меѓугенерациската солидарност во Општина Гевгелија.
Очекувани резултати од проектот се, зајакната свест за правата и потребите на старите лица од ранливите категории за социјална и здравствена заштита, подобрена севкупна благосостојба на постарите лица преку зголемена социјална интеракција во локалната заедница и промовирање меѓугенерациска солидарност и волунтеризам за стари лица кои можат и сакаат активно да стареат.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *