ПО ПОВОД 7-МИ НОЕМВРИ ОДДАДЕНА ПОЧИТ НА ПАДНАТИТЕ БОРЦИ СО ПОЛАГАЊЕ ЦВЕЌЕ ПРЕД СПОМЕН ОБЕЛЕЖЈАТА ВО ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Денеска, по повод 79-годишнината од ослободувањето на Гевгелија – 7 Ноември, пред сите спомен-обележја во Гевгелија беше положено цвеќе во чест и слава на сите паднати борци за слободата на Гевгелија.

Цвеќе положија Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, претставници на Општина Гевгелија и Советот на Општина Гевгелија, Сојузот на борци од НОБ и продолжувачи на делото „Гевгелија“- Гевгелија, политичките партии и здруженија, како и претставници на збратимените градови Сежана, Инџија, Јабланица и пријателските општини Копривнички Иванец и Гвозд.

На присутните, пред Спомен костурницата им се обратија Ристо Марковски и професорот по историја, Миле Смилков. И двајцата потсетија дека на 6 ноември, 1944 година, борците на Вториот гевгелиски партизански одред, во параден строј, влегле во Гевгелија, минувајќи низ главната улица, воодушевено поздравени идочекани од граѓаните кои се радувале на слободата. Наредниот ден, 7-ми ноември бил прогласен за ден на ослободувањето на Гевгелија.
 
– За слободата на Гевгелија, беа положени 74 животи во борбата со фашистичкиот окупатор, од кои 13 потекнуваа од самиот град Гевгелија. Како денеска, така и понатаму на овој ден ќе продолжиме да им се поклонуваме, а на младите им оставаме аманет да не го заборават светлиот историски датум на нашиот град,истакна Смилков.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *