ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ЌЕ СТИПЕНДИРА 10 СТУДЕНТИ ЗАПИШАНИ НА МЕДИЦИНСКИТЕ, МАШИНСКИТЕ И ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКИТЕ ФАКУЛТЕТИ

WEB Телевизија во живо

Општина Гевгелија, и годинава, ќе стипендира 10 студенти од општина Гевгелија запишани во прва година на Медицинските факултети, Машинските и Електротехничките факултети во академската 2023/2024 година. Советот на Општина Гевгелија, на 34 седница, донесе Одлуки за стипендирање на 5 студенти од општина Гевгелија, запишани на Медицинските факултети- отсек Општа медицина и 5 студенти од општина Гевгелија запишани на Машинските и Електротехничките факултети во државата. 

За таа цел, формираната Комисија за образование, култура и спорт при Советот на Општина Гевгелија ќе распише Јавен конкурс, а доставените пријави ќе се разгледуваат согласно Правилник за услови, критеируми и правила за доделување стипендии.
Висината на стипендиите ќе изнесува 6.000 денари месечно, за 10 месеци во академската година. Средствата за стипендиите се обезбедени од Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 и 2024 година, а ќе се исплаќаат врз основа на склучен договор за стипендија.
 
Имено, изминативе две години, Општина Гевгелија со донесени одлуки на Совет на Општина Гевгелија, стипендира вкупно 14 студенти, од кои 10 запишани на Медицинските факултети- отсек Општа медицина и 4 запишани на Машинските факултети.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *