ООМУ „ВАСО КАРАЈАНОВ“ ОРГАНИЗИРА КОНЦЕРТ НА ПИЈАНИСТКАТА ГОРЈАНА СТОЈАНОВСКА

WEB Телевизија во живо

Во балетската сала на ООМУ „Васо Карајанов“, на 10 ноември, петок, во 17 часот, љубителите на музиката ќе имаат можност да го проследат концертот на пијанистката Горјана Стојановска.
На програмата се делата: Р.Шуман-Симфониски етиди op.13 П.И.Чајковски-Годишни времиња -Јануари”Предкаминот” -Февруари”Масленица” -Март”Песна на чучулигата” -Април”Кокиче” -Мај”Белиноки” -Јуни”Баркарола” О.Гигеле Мали пиеси за пијано 1&2
 
Горјана Стојановска е родена во Битола. На осумгодишна возраст го започнува своето музичко образование во Државното музичко училиште во Битола каде што матурира во класата на д-р. Татјана Божиновска. Првите две години од високото образование на Факултеот за музичка уметност – Скопје ги поминува во класата на проф. Борис Романов, а вторите две во класата на проф. д-р Марија Ѓошевска кај која дипломира во 2017 г, а магистрира во 2019 г. Во 2018г. Се запишува и на усовршување на Academia Talent Music Master во Бреша, Италија во класата на проф.м-р Рубен Далибалтајан. Академијата успешно ја завршува во 2020 година. 
 
Учествува на мастер класи на познати педагози меѓу кои: Борис Романов, Јуриј Кот, Андреј Диев, Рубен Далибалтајан, Јулија Губајдулина и др. Горјана има освојувано бројни награди на државни и меѓународни натпревари. Во своето дејствување како пијанист има реализирано многу солистички и камерни рецитали, а во 2011 и 2014 настапува како солист со Македонската филхармонија. Бележи настапи на повеќе фестивали како Есенски музички свечености –Скопје, Подиум на млади – Охрид (како вонредна програма на фестивалот Охридско Лето) – Охрид, Бит-Фест – Битола, како и Concerti di Tempietto во Рим, Италија. Од 2021 година работи како наставник по пијано во Државното музичко училиште во Битола.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *