НАПУКНАТ МОСТОТ НА ЦРНА КАЈ СТОБИ, ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ ЗА ПАТНИЦИТЕ СЕ “ПРЕМОСТУВА” СО АВТОБУСИ

WEB Телевизија во живо

Македонски железници информираатдека поради напукнатиот бетонски столб на мостот на Црна Река, во близина на Стоби, железнички сообраќај на патниот правец Скопје-Гевгелија е во целосен прекин за товарниот сообраќај.
Патничкиот се одвива со „премостување“, со автобуски превоз. Од Скопје возовите ќе сообраќаат до Градско, додека од Гевгелија ќе сообраќаат до Криволак. Од наведените железнички станици – Градско и Криволак, патниците ќе се превезуваат со автобуски превоз. Експерти од Градежниот факултет во Скопје ќе излезат на терен, за да извршат увид на состојбата, соопшти Центарот за управување со кризи.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *