НА ГП „БОГОРОДИЦА„ СПРЕЧЕН НЕЛЕГАЛЕН ВЛЕЗ НА 6 МИГРАНТИ ОД ИРАК. ЗАПЛЕНЕТА СТОКАТА И КАМИОНОТ ВО КОЈ СЕ ПРЕВЕЗУВАЛЕ

WEB Телевизија во живо

Мобилен тим при Секторот за контрола и истраги спречи нелегален влез на шест мигранти со потекло од Ирак при контрола на товарно моторно возило на влез на граничниот премин Богородица. Притоа поради оштетување на царинските обележја запленета е и стоката и товарното моторно возило во коешто се криеле мигрантите.

Случајот е откриен откако инспектори од Одделението за оперативни работи при селекција за детален преглед на возилото забележаа преправки во фабричката надворешна конструкција на возилото, со што се овозможува вадење на сајлата и отворање на церадата без да се оштети царинската пломба. Станува збор за товарно моторно возило со грчки регистарски таблички управувано од грчки државјанин.
 
Со отворање на церадата во товарниот дел меѓу стоката која се превезувала се откриени шесте мигранти, при што истите се предадени на Министерството за внатрешни работи.
Стоката или вкупно 23 тона компот од праски, влекачот и полуприколката со вкупна вредност од 2,3 милиони денари привремено се одземени. До Основниот суд во Гевгелија поднесени се и соодветни прекршочни постапки поради прекршување на член 267 и 269 од Царинскиот закон.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *