НА ДЕНЕШЕН ДЕН РОДЕН ГРИГОР ПРЛИЧЕВ, „ВТОРИОТ“ ХОМЕР

WEB Телевизија во живо

На денешен ден, 18 ноември, 1830 година, во Охрид се родил Григор Ставрев Прличев, вториот Хомер.истакнат македонски писател од времето на ромнантизмот и значаен претставник на македонската книжевност од XIX век. 

Овој генијален книжевник според јазичната припадност е тродомен автор: грчки, бугарски и македонски и ги обединува во себе нивните специфични карактеристики, епохата во која живее и работи, како и класицизмот и романтизмот како стилски белези. Прличев бил ученик на Димитрија Миладинов. Извесно време се вработил како терзија, а подоцна станал учител во Тирана, Албанија. Во 1849 година се запишал како студент по медицина на Атинскиот универзитет. 

Во текот на 1850-59 година повторно се враќа во Македонија и учителствува на повеќе места: Долна Белица, Битола, Прилеп и Охрид, за да си обезбеди услови за продолжување на студиите. Во 1859 година повторно доаѓа во Атина како студент на втора година по медицина. Во овој период ја пишува поемата „Сердарот“. Во 1860 ја добива наградата на големиот атински конкурс за најдобра поема на грчки јазик, паричен дел и ловоров венец. Истата година делото излегува од печат. 
Поетската творба „Сердарот“ се смета за апсолутен врв на сиот влог што во уметноста на зборот овој творец го дал. За неа авторот во Атина го добива од критиката епитетот Втор Хомер. Други позабележителни негови творби се Автобиографијата и словото-есеј „Чувај се себеси“, поемата „Скендербег“ и мала серија песни за деца кои се сметаат за родоначалнички во македонската литература.
„Сердарот“ е историско-јуначка поема; историска балада.
Темата е борбата на Македонците против насилствата на Гегите, или поопшто, борбата за слобода.

Идејата — да го прикаже макотрпното минато на својот народ и стремежот за слобода.
Поемата е напишана на грчки јазик (бидејќи се пријавил на конкурсот за поема во Атина).
Мотивот, Прличев го зел од народната песна за Кузман Капидан, а бил инспириран од тешкиот живот на Македонците од западните делови на Македонија кои биле изложени на терор од страна на Гегите. Па дури и турската власт за да го заштити населението од грабежи, за да може после да им земе даноци, морала да организира заштитнички единици. Кузман Капидан бил водач, сердар на една таква единица.
 
Поемата е сочинета од 228 строфи со по четири стиха (катрени), од кои првиот и третиот стих се петнаесетерци, а вториот и четвртиот осмерци. Во неа мотивот и версификацијата (градбата на стиховите) се под влијание на народната македонска поезија, додека стилските особености — сложените епитети, мотивите и ликовите од грчката митологија, опширната епска нарација, описот на оружјето, на двобоите и градењето на ликовите се под влијание на Хомер.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *