НА 34. СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ПРЕДЛОГ ОДЛУКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ 10 СТИПЕНДИИ ЗА СТУДЕНТИ ОД ПРВА ГОДИНА

WEB Телевизија во живо

Советот на Општина Гевгелија, на претстојната 34. седница, којашто ќе се одржи на 15 ноември 2023 година, ќе расправа по Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2023 го 30.09.2023 година. Покрај тоа, Советот ќе ја разгледува и Предлог-Одлуката за зголемување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година, а согласно тоа, и Предлог-Програмите за измена и дополнување на – Програмата за уредување на градежното земјиште во општина Гевгелија и Предлог-Програмата за финансирање програми и проекти од областа на културата од интерес на општина Гевгелија за 2023 година. Исто така, ќе се расправа и за измените и дополнувањата на Финансовите планови на ЈОУ Библиотека, Работнички универзитет и ЈОУ Детска градинка „Детска радост“.
 
Членовите на Советот на оваа седница ќе донесат Одлуки за доделување 10 стипендии на талентирани студенти од општина Гевгелија, запишани во академската ‘23/’24 на Медицинските, Машинските и Електротехничките факултети. Советот ќе расправа и за Планот за програми за развој на Општина Гевгелија за 2024 година, како и по иницијатива за изработка на УП, утврдување месечен надоместок на членовите на УО И НО во ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија. На 34.седница Советот ќе биде информиран за хортикултурното уредување и одржување на паркови и зелени површини во градот и населените места. Седницата ќе се одржи во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 10:30 часот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *