МУЗИЧКИ ПЕРФОРМАНС „УТОПИЈА-3“ НА ДЕНС ГРУПАТА „ДИВА“

WEB Телевизија во живо

Изминатиот викенд, а во пресрет на општинскиот празник 7-ми ноември, денс групата „Дива“ се претстави пред гевгеличани со музичкиот перформанс „Утопија-3“.
Под мотото „Живеј под сонцето, сакај се под месечината“, на познатото место, на стариот пазар, под „најубавото“ дрво, танчерките и танчерите на „Дива“ приредија вистинско шоу со многу позитивни вибрации кои, преку својата игра, ги пренесоа и на публиката.
 
Преку приказната за девојката Утопија, на крилјата на музиката на Mosaik Kolektiff, публиката беше однесена во една замислена земја на соништата, каде се борат доброто и злото, убавите и неубави работи, каде што се бараат сонцето и месечината, бидејќи се што ќе си замислите, може доколку сте храбри и упорни, и да ви се оствари еден ден.
Кореографијата и костимографијата беа на Марија Граматикова, а настанот беше подржан од Општина Гевгелија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *