МУЗИЧКИ КАРАВАН

WEB Телевизија во живо

Во Гевгелија на 3 ноември 2023 година во хотел Аполонија со почеток во 14 часот, ќе се одржи концерт насловен како „Музички караван“. Станува збор за проект на трите основни музички училишта од Гевгелија, Кочани и Охрид, кој ги обединува во заеднички концерт секојпат во различен град. 

Целта на проектот е соработка меѓу училиштата, размена на искуства и педагошки практики меѓу наставниот кадар како и другарување и музицирање меѓу учениците од сите училишта. На претстојниот концерт во Гевгелија, ни се приклучува и музичкото училиште од Велес со свои музички точки. 

Исто така, сакаме да истакнеме дека овој музички настан е дел од програмата за одбележување на 45 годишниот јубилеј на нашето училиште. Секако со овој концерт, ООМУ „Васо Карајанов“ – Гевгелија дава свој придонес во чествувањето и прославувањето на општинскиот празник „7ми Ноември“ – денот на ослободувањето на Гевгелија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *