МИТРОВДЕНСКА ЗАДУШНИЦА

WEB Телевизија во живо

Православните христијани ја одбележуваат Митровденската задушница во знак на сеќавање на починатите.
По повод Митровденската задушница, Гевгелиската парохија ќе отслужи помен парастаси во петок, 3 ноември, од 15,30 часот и во сабота, 4 ноември, со почеток од 8,30 часот во Манстирскатта црква „Свети Спас“.
Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите.
 
Митровденската задушница секогаш паѓа во саботата пред празникот Митровден.
Задушница е секогаш в сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите.
На Задушница верните даваат милостина на сиромашните и се молат за покој на душите на упокоените.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *