Вечерва, сабота, 4 ноември, во рамките на чествувањето на празникот 7-ми ноември, со почеток од 20 часот, во хотелот „Аполонија“, со солистички концерт ќе се претстави познатиот музички уметник Глигор Гелебешев.
Глигор Гелебешев (1969),своето музичко образование го започнува во родната Гевгелијаво класата на проф. Љубица Улишева,а подоцна основното и средно музичко образование го завршува во Скопје.Студира на Академијата за Уметности во Нови Сад во класата на професор Јокут Михаиловиќ,а магистрира 1997 на ФМУ во Скопје.
За време на своето школување,добитник е на бројни награди на домашни и меѓународни натпревари и учесник на голем број концерти ,како и мастеркласи на еминентни професори и пијанисти од странство(Евгениј Тимакин,Икуко Ендо,Арбо Валдма,Владимир Крпан,Јокут Михаиловиќ и др.)
По магистрирањето ја започнува својата пијанистичка кариера како солист ,но и како камерен музичар,соработувајќи со голем број истакнати музички уметници.
2001 година го формира пијано дуото со својата сопруга Катерина Гелебешева Костадиновска,со кое настапува во земјава и странство,имаат издадено две ЦД-а, настап со македонската филхармонија,како и остварено голем број трајни снимки за македонската радио телевизија.2021 година ,го издава својот прв соло носач на звук со дела на Ф.Шопен,С.Рахмањинов и сопствени дела.Освен на домашна сцена(речиси во сите градови во СРМ и на најзначајните фестивали: Охридско Лето ,Интерфест –Битола,ДММ-Скопје,Златна Лира-Скопје…),бележи и настапи во странство: Франција,Италија,Холандија,САД,Романија,Турција,Словенија,Хрватска,Грција,Босна и Херцеговина,Бугарија,Србија,Полска…
Како педагог,бележи голем број успеси со свои ученици на домашни и меѓународни натпревари и заради својата успешна работа како професор по пијано,честопати е поканет да биде член во жири,во земјава и странство(РСМакедонија,Србија,Бугарија и Полска).
Глигор Гелебешев веќе 30 години работи во ДМБУЦ Илија Николовски-Луј во Скопје.
Гелебешев, пред своите сограѓани ќе се претстави со следната програма:
Моцарт-Фантазија кв 397, Л ВанБетовен- соната оп. 13 (Патетична), Граве,алегроконбрио, Адаџокантабиле, Рондо, .Ф Шопен, Ноктурнооп 9 бр.2 , Валцероп 70 бр 1, Валцероп 64 цисмол, Полонезаоп 53( Херојска)4.К Дебиси, Месечевасветлина и С Рахмањинов, Прелудиум оп. 2 бр 3, Преудиум оп. 23 бр 5
Музичкимомент оп. 16 бр 4