ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ

WEB Телевизија во живо

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува производителите на поледелски култури (пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афион), градинарски култури, овошје и грозје дека е во тек поднесување на барања од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година и тоа за следните подмерки:

-„М1.3 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.1. за остварено производство на пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афион“,
-„М1.5 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4. за остварено производство од домат, пиперка, краставица, корнишон, зелка, грав и компир на отворено и во пластеници“,
-„М1.7 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4. за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети“,
-„М1.9 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.8. за остварено производство на овошје“,
-„М1.10 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.8. за овошје предадено во преработувачки капацитети“,
-„М1.13 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.12. за остварено производство на грозје“ и
-„М2.20 Директни плаќања за лабораториска анализа на физички и хемиски својства на мед“
 
Барањата се поднесуваат во електронска форма со најава во системот преку линкот „Директни плаќања е-субвенции“ од веб страната на Агенцијата „https://www.ipardpa.gov.mk/“. Барањето е потребно да се испечати, потпише и да се достави во писмена форма до Агенцијата преку пошта или директно до Архивата на Агенцијата.
Крајниот рок за поднесување на барањата е 25 декември 2023 година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *