ГРАДОНАЧАЛНИКОТ САРАМАНДОВ ГИ ПРИМИ МЛАДИТЕ КОШАРКАРИ НА КК „ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Градоначалникот на Општина Гевгелија денес ги прими младите гевгелиски кошаркари од КК „Гевгелија“ предводени од претседателот Томе Дуев,спортскиот директор Зафир Чучанов и тренерот на екипата Мицко Алексовски.
Во моментот оваа екипа е лидер на табелата на Третата кошаркарска лига со седум победи од вкупно седум натпревари.
 
Формирањето на Кошаркарскиот клуб „Гевгелија“ има за цел создавање на млади спортисти, кои успешно ќе се продефилираат низ годините, напомена при средбата градоначалникот Сарамандов.
Во клубот играат младински кошаркари кои потекнуваат од КК „Кожув“.
Соработката помеѓу двата клуба докажува дека Гевгелија е на вистински пат за овозможување услови за докажување на млади таленти.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *