ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА АРТ ФИЛМОТ „ОГЛЕДАЛО“ НА ДОМ НА КУЛТУРА „МАКЕДОНИЈА“

WEB Телевизија во живо

Вчеравечер, во малата сала на Народниот театар беше премиерно прикажан арт филмот “Огледало” во продукција на Дом на култура “Македонија”, а во сорaботка со ансамблот за традиционална музика и игра Бојмија од Гевгелија, финансиран проект од областа на културата под покровителство на Општина Гевгелија.
После повеќегодишните истражувања и повеќе од 6 месеци снимање на терен, проектот „Огледало“ доживеа да биде прикажан пред гевгелиската публика.
 
Салата во Домот на културата беше претесна да ги прими сите оние кои посакаа да го видат арт филмот „Огледало“, кој претставува синкретизам од технологијата, техничките можности на визуелната антеопологија преку кои е прикажан секојдневниот живот на луѓето во почетокот на XX век.
По премиерата, еве што ни изјави Силвестер Проле, еден од авторите на овој филм:
 
„Прекрасна промоција, прекрасна публика, многу различни емоции. Од радост до тажни моменти. Сето тоа беше изнудено од содржината на самиот арт филм, особено спојот на способностите на новата технологија во комбинација со традиционалната култура. Исто така влијание имаше и музиката која е комбинација помеѓу модерниот звук со примеси на традиционалниот инструмент кавал.
 
Филмот прикажува секојдневни дејствија од животот на луѓето во периодот помеѓу двете светски војни, нивната жртва за опстанок, посветеноста околу домаќинството и семејството, отежнатиот образовен процес и сето тоа синкретички претставено преку денешните благодети кои ги уживаме благодарејќи на таа нивна жртва. Огледалото е предметот кој е сведок и метафорично ги претставува сите тие дејствија и акти. Во филмот ќе забележите дел од процесот жнеење, перење на река, пасење овци, косење сено.“
 
Проле изрази голема благодарност пред се до колегите од домот со директорката Mirjana Krsteva Massetti за неизмерната поддршка. Огромна благодарност до Ансамблот за традиционална музика и игра Бојмија, раководителите Никола Миовски и Димитар Делев и дел од нивните членови за соработката, потоа техничката екипа: камерата на Васко Трајков и прекрасните фотографии на Димитар Новаков и Петар Арџанлиев, благодарност до директорите на ЈОУДГ “Детска Радост” – Гевгелија Елизабета Стефановска Бети Стоименова и на ООМУ „Васо Карајанов“ – Гевгелија Сузана Стефанова и нивната соработка во проектот. Благодарност до директорката на ООУ Владо Кантаџиев Ружица Икономова за позајменото афтентично огледало. Благодарност до Никола Гогов и Сточарство Изворски, Светлана Стојковиќ, Александар Глигоров, дедо Ѓорѓе Костадинов, Каролина Павловска, Матеа Проле, Мите Пачаразлиев и коњот Ѕвезда.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *