ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ И СУШЕН ОКТОМВРИ, ВО ГЕВГЕЛИЈА ИЗМЕРЕНИ 30,6 СТЕПЕНИ

WEB Телевизија во живо

Во споредба со многугодишни мерења на температурите, октомври годинава беше екстремно топол и сушен месец.
Средномесечната температура се движеше од 10,2°С во Лазарополе до 18,5°С во Гевгелија. Споредено со просечните октомвриски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2010), годинашната октомвриска температура беше 2,8 степени повисока на ниво на држава, информираа од УХМР.
 
Највисоката максимална температура е измерена на 13-ти октомври во Гевгелија и изнесуваше 30,6 степени. Најниската минимална температура, пак, е измерена во Берово, на 31-ви октомври и изнесуваше -0,6 степени.
Во октомври месец годинава, месечната сума на врнежи во државата варираше од 13,0мм во Гевгелија до 53,1мм во Маврово и Охрид.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *