ДОКТОР АЛЕКСАНДАР КИРОВ СЕ ЗДОБИ СО СЕРТИФИКАТ ЗА УРБАНА ЗДРАВСТВЕНА БЕЗБЕДНОСТ ВО СИНГАПУР

WEB Телевизија во живо

Од 20-ти до 24 ноември, во Сингапур се одржа тренинг курс за градењето на национални капацитети и способност ефективно да се одговори на секоја здравствена криза. Овој тренинг курс беше во организација на Сингапурската програма за соработка.
 
На овој курс, меѓу учесниците од голем број на земји во светот, учество зеде и директорот на Општата болница со проширена дејност во Гевгелија, доктор Александар Киров. Тој се здоби со Сертификат за менаџирање на здравствени кризи како што се епидемии, пандемии, здравствени кризи за време на поплави, земјотреси и сето она што може да влијае на јавното здравје.
 
Овој курс лично се спроведува под покровителство на Програмата за соработка во Сингапур (SCPTA). Ограничувањето на влијанието на акутните настани врз јавното здравје во градовите е клучна компонента на урбаната здравствена безбедност.
 
Темите оваа година беа- Градење на национални капацитети и способности за ефективно да се одговори на епидемии, Употреба на технологија во урбана здравствена подготвеност, Комуникација со ризик, ангажман на заедницата и заштита на ранливите групи, Имплементација на политиката во болниците и примарните институции и Градење на отпорност на заедницата и зајакнување на партиципативното управување

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *