ДЕНЕС Е СВЕТСКИ ДЕН НА ТЕЛЕВИЗИЈАТА

WEB Телевизија во живо

Обединетите нации го прогласија 21-ви Ноември за Светски ден на телевизијата за да ја истакнат важноста и вредноста на мирот и безбедноста, бидејќи телевизијата стана највлијателен медиум во последните седумдесет години, а дури 98% од домаќинствата во светот гледаат разни телевизиски програми на дневна основа.

Телевизија, го добиле своето име од грчкиот збор теле за далеку и од визија, на латинскиот јазик значи гледање. Мноштво научни умови беа вклучени во развојот на ова многу потребно откритие денес, од Пол Нипков кој го измисли првиот механички телевизиски модул за испраќање слики преку жици, до Алан Кембел-Свинтон и Борис Росинг кои користеа катодна цевка за да создадат телевизиски систем.

Тоа беше почетокот на механичката и електронската телевизија. Чарлс Џенкинс беше одговорен за првиот практичен систем на механичка телевизија, додека Владимир Цворикин и Фило Фарнсворт беа најодговорни за електронскиот, кои ја одржаа својата прва демонстрација на целосно електронски систем во Филаделфија во 1934 година на Институтот Франклин.
 
Две години подоцна, започнаа првите нередовни преноси во Лондон, а со цел да се направи преносот на Олимписките игри во Берлин и Хамбург достапен за сите што немаат сопствен телевизор, беа отворени скоро 30 простории за гледање во јавноста.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *