ДЕНЕС Е МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА СТУДЕНТИТЕ

WEB Телевизија во живо

По повод 17 Ноември, Меѓународниот ден на студентите, на Филозофскиот факултет во Скопје се одржа трибина на тема „Студентите и студентскиот стандард”.Овој ден се прославува во духот на студентската солидарност и посветеност кон знаењето.
Меѓународниот ден на студентите (17-ти ноември) во светот се одбележува како симбол на борбата за демократско образование и сеќавање на 17-ти ноември 1939-тата година кога нацистите погубија 20 чехословачки студенти кои протестираа против окупацијата.
 
Повеќе од 1200 студенти тогаш беа одведени во концентрациони логори, а студентските домови и универзитетите беа претворени во касарни.
Oва е денот кога се сеќаваме на борбите на студентите во минатото, ги славиме нивните имиња и се обидуваме да ги сфатиме резултатите од нивниот активизам. Oва е денот кога треба да погледнеме кон иднината, да се обидеме да посветиме малку внимание на борбите кои им претстојат и да ги потсетиме дека најважната лекција која сме ја научиле – нема ништо посилно од единството.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *