ЧЛЕНОВИТЕ НА АК „7-МИ НОЕМВРИ“, ВЛАТКО СЕМЕНАКОВ, ТОДОР АНЧЕВ, МАРЈАН ТОРТУРОВ И САШЕ ГАЦЕВ ТРЕТИ ВО ШТАФЕТЕН ПОЛУМАРАТОН

WEB Телевизија во живо

А МАЛИОТ МАКСИМ АНГОВ ПРВ ВО КАТЕГОРИЈА НА „ВРАЊСКИОТ ПОЛУМАРАТОН 2023“
 
Над 300 учесници од повеќе земји учествуваа на четвртиот „Врањски полумаратон“, кој во неделата се одржа во Врање, Република Србија. Тие можеа да истрчаат една од четирите трки – полумаратон (21 километар), штафетна трка , трка од 10 и 5 километри. Годинава беше организирана и детска трка за основци.
 
Атлетичарите на АК „7-ми Ноември“ на овој полумаратон настапија со 14 членови. Учесници на штафета беа Анчев Тодор,
Семенаков Влатко, Туртуров Маријан и Гацев Сашко.
Учесници на полумаратон: Прошевски Дарко, Петков Живко, Андоновски Мијалчо, Андреев Димче, Цветков Орце и Иванов Зоран.
Учесници на 5 километри: Ковачев Никола и Коцевски Игор.
 
Учесник на 10 километри беше Петровски Бојан.
Учесник на детска трка Ангов Максим. Штафетата 4 по 5 во состав Тодор Анчев, Влатко Семенаков, Марјан Тортуров и Саше Гацев го освоија третото место, додека малиот Максим Ангов во својата категорија го освои првото место.
 
Гевгелиските атлетичари се враќаат со убави импресии од Врање, каде што покрај убавиот прием, воспоставија контакт со колегите од Лесковац, па може да се очекува во наредниот период и настап во градови низ Србија.
Организатори на овој маратон беа Атлетскиот клуб „Врањски Маратонци“ и Туристичката организација, додека спонзор беше градот Врање.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *