БОГАТА КУЛТУРНА, СПОРТСКА И СВЕЧЕНА ПРОГРАМА ПО ПОВОД 7-МИ НОЕМВРИ

WEB Телевизија во живо

Во периодот од 3 до 7 ноември, 2023 година, по повод 7 Ноември- Денот на ослободувањето на Гевгелија, следи богата програма со културни, спортски и свечени активности, беше соопштено на денешната прес конференција во Народниот театар во Гевгелија.
 
Мирјана Крстева Массети, директорка на Дом на култура Гевгелија, заедно со директорите на Пионерски дом, Ѓорги Милков, Библиотеката „Гоце Делчев“, Стефан Марковски, Народниот музеј, Цеца Танчевска, како и на СОУ „Јосиф Јосифовски“, Александар Делиџаков ја информираа јавноста за настаните по повод Општинскиот празник.
Одбележувањето на празникот ќе започне на 3 ноември, петок, со Свечена академија на СОУ „Јосиф Јосифовски“-70 години гимназиско образование во Гевгелија, во Народниот театар, со почеток во 20 часот.
 
На 4 ноември, сабота, со почеток во 13,30 часот, пред платото на споменикот на Сава Михајлов, ќе започнат детската трка и инклузивната трка „Run together“, а во склоп на спортскиот настан „November run 2023“. Вечерта, со почеток од 20 часот во хотелот „Аполонија“, со солистички концерт ќе се претстави познатиот музички уметник Глигор Гелебешев.
 
Во недела, на 5 ноември, со почеток од 9 часот се трките на 5 и 10 километри, на кои ќе настапат рекорден број на учесници, а трката на 10 километри ќе се бодува за националниот шампионат во трка на пат. Вечерта, на програмата е традиционалната манифестација „Фолклорен ѓердан“која ќе започне во 20 часот во салата на Народниот театар.
 
Понеделник, 6 ноември, нуди исто така интересна програма. Најнапред, во Ликовната галерија „Амам“ со почеток од 19 часот, ќе биде отворена Годишната изложба на Друштвото на ликовни уметници од Гевгелија, додека во терминот од 20 часот, љубителите на театарската уметност ќе ја проследат театарската претстава на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ од Прилеп- „Аудиција“, а во режија на Владимир Милчин.
 
На самиот празник, 7-ми ноември, вторник, во 11,30 часот ќе бидат положени свежи цвеѓиња пред Спомен обележјата на борците во Гевгелија.
Свечената седница на Советот на Општина Гевгелија е закажана истиот ден во Народниот театар, со почеток од 19,30 часот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *