БЕСПЛАТЕН ОБРОК ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД СОЦИЈАЛНО РАНЛИВИТЕ КАТЕГОРИИ ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Учениците од социјално-ранливите категории во основните училишта на подрачјето на општина Гевгелија од денеска ќе користат бесплатен оброк. По иницијатива на градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, годинава, околу 50 ученика, чии родители се корисници на социјални услуги, ќе добиваат бесплатен оброк. – Воведувањето на бесплатниот оброк во училиштата за учениците од социјално-ранливите категории има за цел финансиско олеснување на семејствата од социјално-ранливите категории и правилна и навремена исхрана на учениците.

 Сите ученици заслужуваат квалитетно образование, за што во изминатиот период се реализирани повеќе мерки и активности за правилен раст и развој на нашите деца. Мојата заложба е креирање нови мерки со кои што ќе се обезбедат подобри услови за секое дете, истакна Сарамандов. Имено, оваа нова мерка се реализира од Програмата за активностите на Општина Гевгелија во областа на социјалната заштита за 2023 година и во координација со ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа, за што се обезбедени средства од општинскиот буџет.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *