АНДОН САРАМАНДОВ:

WEB Телевизија во живо

„ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ЗА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ИМА ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ КАКО ОД ЕКОЛОШКИ АСПЕКТ ТАКА И ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ИНВЕСТИЦИСКАТА КЛИМА И РАЗВОЈОТ НА ТУРИЗМОТ.“
 
Денес означивме крај на еден успешен проект со кој Општина Гевгелија доби Пречистителна станица за отпадни води, затворање на старата градска депонија, како и нова фотоволтаична централа, кажа на почетокот на вчерашното свое обраќање пред присутните, градоначалникот на Општина Гевгелија, Сарамандов.
 
Изградбата на Пречистителна станица за отпадни води започна на 26 Октомври 2010 година, со потпишувањето на трилатерален договор помеѓу владите на Македонија, Швајцарија и Грција, кој имаше за цел, финансирање на Проектот за изградба на Пречистителна станица со вкупна вредност од 9.603.000 евра, во кој учествуваа:
– Владата на република Македонија,
-Општина Гевгелија,
-Јавното Претпријатие Комуналец Гевгелија,
– Швајцарската Влада, како и
– Владата на Република Грција.
 
Пречистителната станица за отпадни води во Гевгелија е со капацитет на третман на отпадни води од 30.000 еквивалент жители. Овој капацитет овозможува обработка на отпадните води од колекторскиот систем на кој се приклучени граѓаните и дел од индустриските капацитети.
Овој проект содржи и развојна компонента, со тоа што е предвидено да ги задоволи потребите на градот до 2036 година. Покрај Пречистителната станица за отпадни води изграден е и потпорен ѕид кој овозможува заштита од поплави, а исто така изграден е и нов мост преку Конска река со асфалтен пристап.
 
За Општина Гевгелија, оваа станица има големо значење не само од еколошки аспект, туку и можност за подобрување на прекуграничната соработка и остварување на нови можности за унапредување на инвестициската клима, а истовремено и развој на туризмот.
Во Ноември 2022 година е потпишан договорот за затварање на депонијата како дел од овој проект.
Во Март 2023 година се заврши со градежните работи за затварање на депонијата и изградбата на потпорниот ѕид во Конска река, со што се реши еден доста горлив еколошки проблем кој ја мачеше Гевгелија.
 
Настанатата енергетска криза од 2022 година предизвика планирање на алтернативни извори на енергија, па така во Април 2023 година дојде до потпишување на Договор за реализација на проектот за изградба на Фотоволтаична централа со инсталирана моќност од 100 киловати, исто така како дел од овој проект.
Во Ноември 2023 година завршија градежните активности за изградба на Фотоволтаичната централа, која ќе има за цел да го ублажи ударот од енергетската криза, а истовремено да придонесе во понатамошен развој на самата Пречистителна станица Гевгелија.
 
Оваа фотоволтаична централа се планира да покрие 30% од потребите на Пречистителна станица.
Почитувани, овој проект е симбол на една успешна соработка, проект кој просторот на една црна еколошка точка во Општина Гевгелија го претвори во еко средина по највисоки стандарди. Со овој проект општината добива важен атрибут кој е неопходен за натамошни развојни планови.
На крајот сакам да порачам дека преку реализација на вакви проекти, бенефит имаат граѓаните, но и сите ние. Се надевам дека нашата соработка нема да застане тука и во иднина ќе имаме можност да реализираме уште вакви проекти од значење за нашите земји.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *