АНДОН САРАМАНДОВ :

WEB Телевизија во живо

„ВO ИЗМИНАТИОТ ПЕРИОД, МЕЃУ ДВА ПРАЗНИКА, ПОКАЖАВМЕ ДЕКА МОЖЕМЕ СО ЦЕЛОСНА НАША АНГАЖИРАНОСТ, ДА СЕ СПРАВИМЕ СО ПРЕДИЗВИЦИТЕ И ВО СОРАБОТКА СО ГРАЃАНИТЕ, ДА НАПРАВИМЕ ОД ГЕВГЕЛИЈА ЕВРОПСКА ОПШТИНА.“
 
На синоќешната Свечена седница на Советот на Општина Гевгелија, по повод 7-ми ноември, денот на ослободувањето на Гевгелија, свое обраќање имаше градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов.
 
Пред присутните гости, меѓу кои беа претседателот и членовите на Советот на Oпштина Гевгелија, претседателот и претставници на Здружението на борците од НОВ и нивните поддржувачи, пратеници во Републичкиот парламент,гостите од збратимените Oпштини: Сежана, Инџија, Јабланица , како и од пријателските Oпштини Копривнички Иванец и Гвозд, претставниците на државните, на општинските и на јавните установи, на бизнис-заедницата, на културниот и на јавниот живот, Сарамандов, меѓу другото го истакна следното:
 
„Гевгелија денес го слави своето ослободување од фашистичкиот окупатор во Втората светска војна и слободно живеење скоро осум децении, рече Сарамандов, по што ја изрази неговата благодарност и почит кон сите сограѓани и борци, кои се бореле и придонеле за слободата на Гевгелија“.
Исто така, тој се заблагодари и до сите оние, кои во изминатите години и децении, придонеле за развојот на Гевгелија. „Наша обврска и одговорност, истакна тој, е да продолжиме по тој пат, но и да го надградиме. Бидејќи граѓаните тоа го заслужуваат.“
Општина Гевгелија меѓу двете празнувања, потенцираше градоначалникот, настојуваше на сите свои граѓани, но и на се побројните гости, да им понуди и да обезбеди поквалитетни услови за живеење и престој.
 
И тоа, преку решавање на долгогодишните проблеми и барања, што ги мачат граѓаните, главно, во областа на инфраструктурата. Условите за урбано живеење значително се подобрени со решавање и финиширање на одамна започнатите и подзаборавени проекти.
Почнувајќи од атмосферската канализација, новите водоснабдителни системи, асфалтираните и бетонирани улици, па, се до целосно обновените и запуштени младински домови и објекти.
 
Дополнително, уредени се нови детски игралишта, спортско-рекреативни центри и зелени површини, како во Гевгелија, така и во сите населени места.
Дел од овие проекти се реализирани со финансиска поддршка од домашни и меѓународни грантови, но, и со задолжително сопствено учество, што е доволна потврда за финансискиот капацитет на Општината.
Општина Гевгелија во изминатиов период се афирмираше, рече Сарамандов во своето обраќање, и како локална заедница, која посветува значително внимание за развој на туризмот, подобрување на социјалните услуги, збогатување на културниот и спортскиот живот.
 
За таа цел беа организирани повеќе настани, како за афирмација на поднебјето со сите негови погодности, така и за задоволување на потребите на граѓаните и се побројните гости од соседството.
Гевгелија се брендираше како град со интересни културни, спортски и значајни општествени настани, кои значително придонесуваат за туристичкиот развој.
Обновени се и одржани, збогатени со нови содржини, стари и нови културни манифестации, кои предизвикаа голем интерес кај бројни учесници, главно, млади луѓе, но и илјадници посетители.
 
Одржани се повеќе локални, државни и меѓународни спортски натпревари и манифестации, со учество на голем број спортисти, млади луѓе на сите возрасти, проследени од бројна публика.
За реализираните активности и проекти, спроведените иницијативи и организираните акции, истакна градоначалникот Сарамандов,
од посебно значење за мене беше поддршката од општинската администрација.
Исто така, и соработката со Советот на Општина Гевгелија и локалните јавни претпријатија и установи од комуналната сфера, образованието и културата.
 
Затоа, сакам да изразам благодарност за ваквата соработка и поддршка, бидејќи на тој начин во практика заеднички ја спроведуваме нашата заложба за подобра Гевгелија.
Во периодот што следи, продолжуваме по истиот пат: да ги подобриме условите за живот на граѓаните, да ја афирмираме Гевгелија и општината како значајна туристичка дестинација и успешно да ги финишираме зпочнатите проекти и активности.
На крајот на своето излагање градоначалникот Андон Сарамандов упати честитки за Денот на ослободувањето на Гевгелија – 7 Ноември до сите жители на Општина Гевгелија со желба – Гевгелија да продолжи да расте и да се развива како модерна и урбана – европска заедница.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *