АКО НЕ МОЖЕ ДА ЗАСПИЕТЕ ЛЕКОТ Е – ЧАЈ ОД БАНАНА

WEB Телевизија во живо

Никогаш не би помислиле дека чајот од банана има вакво дејство …Наместо да чекате да порумени и да изгние, пробајте го овој прекрасен чај од банана
Нема ништо полошо од вртење со часови во кревет, гледање во часовникот и одбројување колку останува додека не за заsвони будилникот. Па, кога ќе ви се случи таква ноќ, посегнете по ова целосно природно решение. Главната придобивка на овој чај доаѓа од триптофан, хемикалија што ве тера да спиете, а која е присутна во изобилни количини во кора од банана.

Чај од банана за добар сон
Време на подготовка: 5 мин.
Време на готвење: 10 мин
Состојки за 1 чаша:
• 1 банана
• 2 дл вода
• нотка на цимет
Подготовка:
1. Ставете вода во тенџере доволно големо за да собере банана, па ставете го на пламен да зоврие
2. Исечете ги двата краја на бананите и ставете ги заедно со кората во врела вода. Ако сакате, можете претходно да го измиете, но не е потребно
3. Гответе 10 минути.
4. Користете цедалка, истурете ја течноста во чашата
5. Посипете со нотка на цимет. Циметот е опционален, но оди многу добро со вкусот на чајот од банана
6. Пијте еден час пред спиење
 
Совет за крај!
Кога ќе ја извадите бананата од тенџерето во кое се готви, не фрлајте ја туку посипете ја со цимет и изедете ја. Варената банана ќе го потенцира ефектот на чајот со неговото смирувачко дејство.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *