ЗБРАТИМУВАЊЕ НА МЕСНИТЕ ЗАЕДНИЦИ ОД ПИСКАВИЦА И ПРДЕЈЦИ- КРУНА НА ДОЛГОГОДИШНОТО ПРИЈАТЕЛСТВО

WEB Телевизија во живо

Овој викенд КУД „Браќа Толеви“ од Прдејци, Гевгелија гостува во Република Српска, поточно, тие се гости на КУД Пискавица од истоимената Месна заедница од Бања Лука. Играорците на КУД „Браќа Толеви“, едни од најдобрите амбасадори на гевгелиската и македонска фолклорна традиција, зедоа учество на големиот концерт по повод 21 година од постоење на КУД „Пискавица“ и 20 години успешна соработка меѓу двете културно уметнички друштва. Веќе две децении овие претставници на македонскиот и српскиот фолклор ја негуваат искрената соработка и пријателство.
И овој пат, со виртуозната изведба, играорците на КУД „Браќа Толеви“, предводени од Ѓорги Јованов, како и играорците на домаќините од КУД „Пискавица“, ги собраа аплаузите во преполнетата сала.
Посебен белег на ова гостување на КУД „Браќа Толеви“ во Бања Лука му даде и збратимувањето на двете месни заедници, Пискавица и Прдејци. Со овој чин на збратимување, изјави претседателот на друштвото „Браќа Толеви“ Венци Попов, уште еднаш се докажува фактот дека преку фолклорот најуспешно се создаваат прекрасни и долгогодишни пријателства

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *