ВТОРО МЕСТО ЗА ЕКИПАТА НА „МОБИЛНОСТ“ ОД ГЕВГЕЛИЈА ЗА ТОРТАТА „МАКЕДОНИЈА-ЧОКОЛАДЕН СОН“ НА ТОРТИЈАДАТА ВО СТРУМИЦА

WEB Телевизија во живо

24- та Традиционална Тортијада во Организација на Сојузот на лица со телесен инвалидитет Мобилност Струмица а подржана од Мобилност Македонија се одржа вчера во Струмица. Учествуваа претставници на 8 здруженија на лица со телесен инвалидитет од Македонија кои направија торти и се натпреваруваа со своите креативни изработки.

На манифестацијата, според оценката на стручното жири првото место го освои екипата на Мобилност Струмица, второто место го освои екипата на Мобилност Гевгелија, додека третото им припадна на Мобилност Прилеп. 

Членовите на Мобилност Гевгелија, Љубица Марковска, Благица Ѓоргиевска и Валерија Пеева со своите вешти раце на лице местоја направија прекрасната торта која ја насловија како „Македонија чоколаден сон“.
Освен натпреварот, „Тортијадата“ е замислена и како настан на кој се дружат и забавуваат лицата со попречености.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *