ВО НЕДЕЛА, ВО ГЕВГЕЛИЈА, УЧЕСНИЦИТЕ НА ТРКИТЕ „NOVEMBER RUN 2023“ ЌЕ ТРЧААТ НА СЕРТИФИЦИРАНА ПАТЕКА

WEB Телевизија во живо

По извршените мерења, утринава пристигнаа сертификатите за трките од 5 и 10 километри за„NOVEMBER RUN 2023“. Во недела, сите учесници во Гевгелија ќе трчаат на сертифицирана патека.
 
Како што е познато, мерењето го изврши Борут Подгорник, бивш маратонец, а денес атлетски судија и мерач на тркачки патеки со А лиценца. Подгорник е роден во Марибор, и како мерач на патеки работи веќе 4 години при што има измерено над 60 патеки во Словенија, Хрватска, БИХ и Србија. Мерењето во Гевгелија тој го изврши со велосипед на кој беше поставен Jones мерач, калибриран по специјална постапка.
 
Важноста на овој сертификат е во тоа што само резултати и рекорди постигнати на вака сертифицирана патека се признаваат од страна на Меѓународната атлетска федерација како и Атлетската федерација на Македонија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *