СВЕТСКИ ДЕН НА ОПЕРАТА-25 ОКТОМВРИ

WEB Телевизија во живо

ПОРАКА НА ОЛИВЕР БАЛАБУРСКИ:„ДЕНЕС СВЕТОТ ПРЕКУ НАС ЈА СЛАВИ ОПЕРАТА СО КОЈА СЕ ХРАНИ ДУХОТ НА ЧОВЕКОТ, КОЈ ВО ОВА ВРЕМЕ КАКО ДА Е ЗАГУБЕН“
 
25 октомври е прогласен за светски ден на операта кој се слави од 2019 година. Иницијативата доаѓа од професионалната организација Опера Европа, која обединува 200 музички театри во светот, а датумот не е избран случајно – тоа е поврзано со раѓањето на Жорж Бизе /25.X.1838–3.VI.1875/ и Јохан Штраус – син /25.X.1825–3.VI.1899/. Двајца композитори, од кои секој создаде свој стандард во уметноста на операта и оперетата, уживајќи невидена популарност до денес / и двајца уметници со неверојатни сличности како во однос на датумите на раѓање, така и на оние кои го означуваат нивниот крај.
 
По тој повод, годинава диригентот и композитор Оливер Балабурски ја напиша македонската порака.
Композиторите треба непрестано да истражуваат и создаваат нови опери со истиот жар и интерес како кога ги создавале своите дела легендите на оперската музика. Денот на операта е момент во вечноста, на кој треба да ги сублимираме и прославуваме успесите постигнати низ целата година бидејќи секој ден за некои од нас е ден на операта, се вели во пораката на диригентот и композитор Оливер Балабурски, по повод Меѓународниот ден на операта – 25 октомври.
 
Како што наведува тој во пораката, да се напишат неколку зборови за најголемата музичко-драмска форма која постои со векови и се спротивставува на сите предизвици низ столетијата е голема чест, исто колку и да се биде дел од неа како изведувач или композитор. Таа, посочува, отсекогаш го предизвикувала возпримачот на размислување, разбудувајќи ги најдлабоките чувства, без разлика на познавањето на делото.
 
-Ние изведувачите имаме задача и обврска да ја негуваме оваа форма, да го будиме интересот на новите „членови на семејството“ со несебично презентирање на делата во старо или ново руво, со стара или создавајќи нова традиција. Денес светот ја прославува операта и преку нас и нејзиниот придонес во човештвото, го храни и негува духот, кој во ова време, на моменти, се чувствува како да е загубен. Сведоци сме на изведби на многу нови дела, опери со различен музички, драмски и сценски пристап. Без разлика на нивниот успех, квалитет и моментален интерес за нив, многу е важно да се создаваат и изведуваат, додава Балабурски.
Тој појаснува дека на овој ден, милиони луѓе низ светот прославуваат, се радуваат, безмилосно вежбаат, се подготвуваат за нови предизвици, се со цел да ја споделат својата приказна и љубов кон операта со својата публика.
-Нека ни е честит и вечен овој ден како почеток на нова година на успешни претстави, се вели во пораката на Балабурски.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *