СE ИНТЕНЗИВИРААТ АКТИВНОСТИТЕ ОД ПРОЕКТОТ „ЈАС=МЕДИУМ“

WEB Телевизија во живо

ЗГ „Од станица до граница“ од Гевгелија веќе извесен период го спроведува проектот „Јас=Медиум“. Темата која ја обработува проектот е секојдневните предизвици на младите во поглед на примање информации, нивната веродостојност и опасностите што се јавуваат како закана во развојот на психофизичкиот развој.
 
Проектот„Јас = Медиум“на ЗГ „Од станица до граница“ од Гевгелија се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира
Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот „Јас=Медиум“ е кофинансиран од Општина Гевгелија.
 
Три работилници за основите на новинарството се одржаа за учениците од основните училишта и средношколскиот центар во Гевгелија преку проектот. Преку практични вежби и интеракции учениците имаа можност да се запознаат со основните поими на медиумската писменост – традиционалните и новите медиуми како неизбежен дел од секојдневието, но и што е вест, кои се карактеристиките на веста, разликите меѓу фактите и мислењето.
 
Учениците имаа можност да ја играат улогата на уредник и самите да спознаат која вест е приоритетна за да се пласира во некој медиум, односно што повеќе би ги засегнало читателите или гледачите.
Наставните програми во основните и средните училишта ја содржат темата за медиумската писменост но часовите се премалку за да се совладаат содржините што во денешно време се и повеќе од присутни во нашите животи, констатираа учениците на работилниците.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *