ОРГАНИЗИРАНИ ОБУКИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“ ЗА ФИНАНСИСКИ И СТРАТЕГИСКИ МЕНАЏМЕНТ

WEB Телевизија во живо

Во периодот од 12 до 14 Октомври учениците од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија имаа можност да присуствуваат на обуки за финансиски и стратегиски менаџмент.
Обуките беа реализирани во рамки на проектот „Иновации, развој и вработување во земјоделскиот сектор“ со акроним „IDEAS“ кој што го имплементира Фондацијата за локален и развој на информатички технологии – Гевгелија, во партнерство со Американското земјоделско училиште од Солун, Грција и Мрежата за рурален развој на РСМ од Скопје.

Активностите кои придонесуваат кон остварување на целите на проектот вклучуваат и серијата на обуки од различни области, наменети за младите идни претприемачи. По успешно спроведената обука за ЕУ регулативите за здравје и безбедност на храна, HACCP системот и стандардот ISO 22000 во Јули 2023, овие обуки опфатија теми како што се финансиски и стратегиски менаџмент, маркетинг и промоција, управување со ресурси и инвентар, мониторинг, анализа и пишување извештаи.
 
Целта на обуката е да им обезбеди на учесниците вештини кои ќе им помогнат на младите претприемачи да го надградат своето знаење и да започнат свој бизнис.
Проектот „IDEAS“ се имплементира во рамки на Interreg IPA – CBC програмата за прекугранична соработка ГР-МК за програмскиот период 2014-2020, а е ко-финансиран од националните фондови на земјите учеснички.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *