МИЈАЛЧО АНДОНОВСКИ ОД АК „7-МИ НОЕМВРИ“ НАСТАПИ НА ПРВАТА АТЛЕТСКА ТРКА ВО КИЧЕВО – „KRUN 2023“

WEB Телевизија во живо

Членот на атлетскиот клуб „7-ни Ноември“ од Гевгелија, Мијалчо Андоновски, како единствен претставник од нашиот град, зеде учество на вчерашната прва атлетска трка во Кичево, „Крун 2023“. Тој настапи на трката на 10 километри, и во конкуренција на 107 натпреварувачи го освои солидбото 29 место, со време од 48 мин. и 30 сек.
Инаку, вчера се трчаа две трки, на 5 и 10 километри низ улиците на овој град во западна Македонија, на кој настапија над 300 натпреварувачи во женска и машка конкуренција.
 
Целата идеја за оваа прва трка започна мината година од група вљубеници во трчањето кои учествуваат на многу атлетски трки, и кои се запрашаа зошто и Кичево да не се запише на мапата на атлетски градови во Македонија.
Целта е да се поттикне трчањето како рекреативен спорт во Кичево, како и да се поттикнат што поголем број граѓани да одлучат да се пријават и да ја истрчаат својата прва трка, да ја почувствуваат целата убавина на трчањето како спорт.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *