ФЕСТИВАЛ НА ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ХРАНА ОД ЈУГОИСТОЧНИОТ РЕГИОН ВО БОГДАНЦИ

WEB Телевизија во живо

Денес, сабота, 28 октомври, во градскиот парк во Богданци, со почеток од 11 часот, во организација на здружението Еко Росалис ќе се одржи првиот Фестивал на Југоисточниот регион кој има за цел да ги промовира малите производителите на храна и нивна промоција во Југоистокот. На фестивалот посетителите ќе имаат можност да се запознаат директно со производителите, да воспостават соработка, да разменат рецепти и искуства но и да вкусат дел од производите кои ќе бидат изложени.
 
Ќе се престават производители на храна не само од Југоисточниот регион туку и од Росоман, Скопје, Струга, Битола, Неготино, Берово, Велес и Пробиштип. Присутните ќе имаат можност да се запознаат со произвдители на сирење, домати, конзервирани салати, мед и пчелни прозводи, традиционално приготвени слатка од смокви, мармалади, сокови од калинка. На тој начин сакаме да помогнеме малите локални производители да бидат видиливи во јавност и кај потрошувачите,, не информираше Александра Картелова од здружението Еко Росалес.
 
На фестивалот ќе има и богата забавна програма на која ќе настапат Пензионерска пеачка група, Слободанка Арнаудова, групата Фониа, Ицо Горичев, Трио Форте и ЗКУД „Бранд Петрушев“. културно уметнички друштва но и повеќе изведувачи. Фестивалот е подржан од МЗШВ, Општина Богданци и Слоу фуд.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *