ВИСТИНСКИ „КАЛАБАЛАК“ НА ПРВИОТ ТОЧКАЏИСКИ СОБИР „СИТЕ УФ СЕРМЕНИН“

WEB Телевизија во живо

Во убавото планинско село Серменин во неделата вриеше како во пчелина кошница. Во селото, кое според последниот попис живеат 8 жители, организаторот, „Гевгелија точак клуб“ успеа да собере околу 1000 вљубеници во велосипедско возење, ученици, спортисти, рекреативци, од 7 до 77 години уживаа во убавините на планината „Кожуф“.
Над 150 точаџијки и точкаџии, меѓу кои беше и Словачкиот амбасадор во Македонија, господинот Хенрик Маркуш, извозеа една од двете патеки, онаа подолгата од 40 километри и онаа пократката, од 27 километри.
 
Насмеани лица, позитивна енергија и многу љубов кон природата беа присатни за цело време на одржувањето на првиот, премиерен мултимедијален настан „Сите уф Серменин“, на просторот помеѓу Црквата „Свети Ѓорѓија“, изградена во 1834 година и зградата на првото училиште за учители во Македонија, кои ги посетуваа двата курса организирани во 1944 година..
 
Честитки до организаторот, „Гевгелија Точак Клуб“ и до генералните покровители Општина Гевгелија, Амбасадата на Република Словачка и АМД, како и сите вклучени во организацијата и помагањето во одржувањето на овој „mountain biking“ настан, кој се најде и на официјалниот календар на Асоцијацијата на велосипедисти во Македонија.
 
Беше преубаво, минатата недела да се биде „уф Серменин на ава“ и дел од овој настан, кој веруваме ќе стане традиционален, а со тоа ова село, кое е вистинска „воздушна бања“ ќе стане туристичка атракција, додека Гевгелија и „Кожуф“, посакувана велосипедска и рекреативна дестинација.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *