СО ЖИВ ШТИТ ПОЧНА ОДБРАНАТА НА КОЖУФ, НАЈАВЕН СЕНАРОДЕН ПРОТЕСТ

WEB Телевизија во живо

Активистите од Млади за Македонија, Чејнчмејкерс, Спас за Гевгелија, здруженија и активисти од Тиквешијата, Гевгелиско-валандовскиот регион и од цела Македонија, со жив штит започнаа блокада пред пред багерите и градежната механизација која треба да ја гради малата хидроцентрала на реката Дошница. 
 
Активистите на прескоференција порачаа: планината Кожуф и реката Дошница ќе се бранат со жив штит. Најавија голем сенароден протест за Спас на Кожуф, кој ќе се оддржи на 16 септември во 11:55 ч на Смрдлива Вода, планина Кожуф. Протестот е исклучиво непартиски.
 
Причината на протестот е изградба на мала хидроцентрала на Дошница, која хидроцентрала ќе го уништи биодиверзитетот и ќе има драстични промени врз целиот екосистем на Кожуф. Дошница е последната река во Македонија од која водата се пие и која тече во нечепната природа со богат биодиверзитет.
Линк со материјали со видео и фотографии : https://wetransfer.com/…/0e65e365f17d57bdadefbea…/af1ea0

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *