СО СРЕЌА ПРВАЧИЊА, ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ ВО УЧИЛИШТЕТО, МЕСТО КАДЕ ЌЕ РАСТЕТЕ И ЌЕ УЧИТЕ ЗАЕДНО СО НАСТАВНИЦИТЕ, ВИЕ ОД НИВ, ТИЕ ОД ВАС

WEB Телевизија во живо

Училишното ѕвонче го означи почетокот на учебната година за 229 првачиња во ООУ “Ристо Шуклев” Негорци, “Климент Охридски” Миравци, ООУ “Крсте Мисирков” Гевгелија, и “Владо Кантарџиев” во Општина Гевгелија. Со прекрасни приредби подготвени од страна на наставниот кадар, а во изведба на повозрасните ученици беа пречекани новите првачиња.
 
Општина Гевгелија за 229 прваче обезбеди ранче со опрема и училиштен прибор како симболичен подарок за преминот во прво одделение.
Градоначалникот Сарамандов им посака успешен почеток во основното образование на првачињата и лесно поминати дни во училишните клупи, успешно стекнување нови знаења, другарување и авантури.
 
Исто така, им го честиташе почетокот на новата учебна година и на останатите ученици и наставници во основните и средното училиште во Гевгелија, со желби за многу успеси, продолжувајќи ја традицијата и мисијата на гевгелиските училишта за квалитетно образование на учениците и успешни постигнувања на секое рамниште од воспитно-образовниот процес, за што упати благодарност за нивниот континуиран придонес

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *