СО ПРЕДАВАЊЕ, ЦРВЕНИОТ КРСТ ГЕВГЕЛИЈА ЈА ОДБЕЛЕЖА НЕДЕЛАТА НА БОРБА ПРОТИВ ТУБЕРКУЛОЗАТА

WEB Телевизија во живо

Секоја година, во периодот од 14-ти до 21-ви септември, се одбележува Неделата на борба против туберкулоза (ТБ) со цел подигнување на јавната свест за катастрофалните, здравствени, економски и социјални последици од ТБ и воедно да се интензивираат напорите за ставање крај на глобалната епидемија од ТБ.
 
ОО на Црвен крст од Гевгелија по тој повод, за личните асистенти и нивните корисници, за волонтерите и граѓаните, денес, во просториите на Црвениот крст организираше предавање од страна на епидемиологот од Центарот за јавно здравје Гевгелија, д-р Сашо Олумчев.
 
Тој при своето предавање, меѓу другото истакна дека туберкулозата и понатаму останува смртоносен убиец во светот. Секојдневно над 4000 луѓе го губат животот од ТБ, а близу 30 000 луѓе се разболуваат од оваа болест која може да се превенира и излекува.
Со промените во светот кои настанаа како резултат на пандемијата со Ковид-19, се комплицира следењето и третманот на многу болести.
 
Туберкулозата како инфективно заболување што дава слични симптоми како и инфекцијата со Ковид-19, сепак се разликува од истата во тоа што има подолг период на инкубација и симптомите се развиваат побавно. За среќа постои ефективна вакцина против туберкулоза, што веќе се употребува долго време. Но, и покрај добрата превенција, туберкулозата сè уште не е отстранета и претставува дел од проблемите кои се јавуваат во сите здравствени системи, па и во нашиот.
 
Македонија последните 15 години има континуиран пад на бројот на новозаболени со туберкулоза, каде од 2019 година припаѓа во групата на земји со ниска инциденца, што имаат помалку од 10 случаи на 100.000 жители, истакна д-р Олумчев

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *