„РАСПЕАНИ ГЕВГЕЛИЧАНИ“ НАСТАПИЈА НА ЈУБИЛЕЈНИТЕ 35-ТИ „ОХРИДСКИ СТАРОГРАДСКИ СРЕДБИ 2023“

WEB Телевизија во живо

„Распеани гевгеличани“ зедоа учество на 35-то издание на фестивалот Охридски староградски средби“ кое синоќа се одржа пред платото на НУ Центар за култура „Григор Прличев”-Охрид.
 
Охридски староградски средби е фестивал во организација на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев”- Охрид што ги афирмира вредностите на староградскиот мелос и ги обновува старите добри градски музички традиции.

Програмски квалитет што значи вредносно продолжување на традициите што датираат од пред неколку века. Придонес во незаборавот на старите, автетнични песни, навраќање во богатата градска ризница на традициите од минатите векови, велат организаторите.

Во рамки на програмата, освен гевгеличани, настапија и градски мешан хор „Вокс Лихнидос“ – Охрид, КУД „Пере Тошев“ – Прилеп, ансамбл за народни песни „Вања Лазарова“ – Скопје, КУД „8 –ми Октомври“ – Крива Паланка, ВИС “Распеани Радовишани” – Радовиш, ЗГ „Распеани Штипјани“ – Штип, КУД „Нуко Пусоски“ – Кичево, и ФА Бисери – Охрид.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *