ПРВАТА ДЕТСКА ГРАДИНКА ВО ГЕВГЕЛИЈА Е ОТВОРЕНА ВО 1945 ГОДИНА

WEB Телевизија во живо

Отворена е уште во 1945 година, кога по иницијатива на АФЖ се преуредени просториите на старото училиште викано „Радничко“, за згрижување на децата. Казани за подготвување на храната се позајмени од војничката касарна, а играчки од поситуираните граѓани. Вработените мајки во Филандата, Монополот(организација за откуп и обработка на тутунот), продавниците и некои други организации ги носеле своите деца во градинката, така што уште на почетокот оваа прва детска установа ја посетувале 30 деца, а набргу интересот се зголемил и овде се згрижувале 150 деца. 

Во 1952 година со преуредувањето на една куѓа на улицата „Ѓорѓи Велков“ број 10, во Гевгелија се отворени и првите детски јасли каде што 25 деца ја добивале потребната нега додека нивните мајки се наоѓале на работните места. Во 1961 година, со преуредувањето на некогашната амбуланта, започна да работи детската градинка „Детска радост“, во рамките на месната заедница „Нов Дом“. Во 1977 година изградена е нова детска градинка со капацитет за згрижување на 220 деца, а во периодот од 1979 до 1982 година се изградени уште две детски градинки со капацитет за згрижување на 360 деца.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *