ПАРИТЕ ЗА ЛУНА СЕ СОБРАНИ, ВО ОКТОМВРИ ТАА ЗАМИНУВА НА ОПЕРАЦИЈА ВО ИСТАНБУЛ

WEB Телевизија во живо

На својата фејсбук страна пред малку, Елена Поп Костова мајката на малата , објави убава вест:
 
Почитувани драги и хумани пријатели,едно големо благодарам до сите вас кои ми помогнавте и бевте дел од од оваа наша битка и несебично ми помогнавте да стигнеме до целта со Луна.Сретствата за да ги закажеме операциите ги собравме и имаме термин за Луничка. Средината на Октомври треба да заминеме во Истанбул на операција.Битката е освоена на половина заедно двете сега ќе војуваме до крај и со Господ напред Луничка да ги преброди и двата оперативни зафати. Јавно би сакала да се заблагодарам на нашиот градоначалник Andon Saramandov и советниците на општина Гевгелија, Црвен Крст Гевгелија кои на самиот почеток беа со мене и ми ја држеа раката цврсто за да го изодам овој пат и успеам.Благодарност до градоначалникот на Општина Валандово, и на господинот Daniel Gligorov кој цело време беше ангажиран за платформата gofoundme и работеше несебично деноноќно.
БЛАГОДАРАМ ХУМАНИ ЛУЃЕ ОД СРЦЕ
БЛАГОДАРАМ НА СИТЕ ВАС КОИ ОДДЕЛИВТЕ ДЕЛ ОД ВАШИТЕ СРЕТСТВА ЗА ДА ПОДАРИТЕ НАСМЕВКА НА ЛУНИЧКА.
Платформата gofound.me сеуште ќе биде активна за донација за дополнителните сретства кои ни се потребни за понатамошното лекување.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *