НА 11 СЕПТЕМВРИ 1905 ГОДИНА НА БИТОЛСКИОТ АТ-ПАЗАР ТУРЦИТЕ ГО ОБЕСИЈА АЛЕКСАНДАР ТУРУНЏЕВ-ЛЕГЕНДАРНИОТ ВОЈВОДА

WEB Телевизија во живо

Александар Турунџев е роден е во 1872 година во с. Горно Врбени, Леринско. За време на Илинденското востание со својата чета зел активно учество во борбите кај Леринско. Во текот на сите години на илегално живеење и движење, Турунџев ги обиколува редовно селата во Леринско и некои во Долна Преспа и Битолско.

Станува популарен заради својата храброст и ревност кон природниот стремеж на сопствениот народ да извојува слобода со оружје во рацете. Освен тоа бил силен маж, атлетски граден, висок, со бујна бушава коса, со високо чело и орелски поглед. Меѓу најзначајните негови вооружени акции е нападот на железничката станица во Врбени, Леринско, заедно со здружениот одред од 200 востаници на Ѓорѓи Поп Христов и Михаил.

Кон крајот на 1904 година, во селото Ајтос, Леринско, бил предаден од шпионот Митре Гинков. Бил заробен и одведен во битолскиот истражен затвор.
 
Таму бил подложен на големи измачувања и држан цела година. Турскиот суд во Битола го осудил на смрт, а казната била извршена со јавно бесење на битолскиот Ат-Пазар, на 29 август 1905 година, по старо, или 11 септември по ново. Гробот му се наоѓа на битолските гробишта Света Недела.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *