НА 10 СЕПТЕМВРИ 1925 ГОДИНА ВО ПАРИЗ ИЗЛЕЗЕ ПРВИОТ БРОЈ НА ВЕСНИКОТ „МАКЕДОНСКО ДЕЛО“ КОЈ ЈА ЗАСТАПУВАЛ ИДЕЈАТА ЗА САМОСТОЈНА МАКЕДОНИЈА

WEB Телевизија во живо

Во Париз излезе првиот број на весникот „Македонско дело“, орган на ВМРО (Обединета). Излегуваше и во Берлин и во Виена. Главен уредник беше Владимир Поп Томов, а во редакцијата беа Димитар Влахов, Јордан Атанасов, Дино Косев, Т. Рилски и други. Ги спроведуваше идеите што беа во основата на Мајскиот манифест – борба против режимите на Бугарија, Југославија и Грција, а за независна Македонија во федерација на слободните балкански народи.Весникот успеал да издаде вкупно 179 броеви од кои последниот на 25 мај 1933 година. Низ своето постоење, весникот е еден од ретките весници во тоа време кои ја застапувале идејата за самостојна македонска нација.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *