ИГОР ЏАМБАЗОВ:

WEB Телевизија во живо

ДРАГИ МОИ ГЕВГЕЛИЧАНЕ, ЈАС И ГУРУ ХАРЕ НА ФЕСТИВАЛОТ „TASTE THE SOUTH”-„ВКУСИ ГО ЈУГОТ“ ВЕТУВАМЕ ДЕКА ЌЕ ГО ВКУСИТЕ ВИСТИНСКИОТ „МАКЕДОНСКИ БЛУЗ“
 
Како што е познато, во Гевгелија на 15-ти, 16-ти и 17-ти септември, ќе се одржи првиот Фестивал на храна и пијалоци „TASTE THE SOUTH” или „Вкуси го југот“. Фестивалот „TASTE THE SOUTH ќе биде во организација на КРАФТ ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ-СКОПЈЕ, како манифестација која ќе има за цел преку забавно-културни содржини да ги претстави локалните производители на храна и пијалаци пред домашните и интернационалните посетители.
 
На фестивалот е предвидено да настапат голем број на македонски музички имиња, а меѓу нив ќе бидат и „Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд“
Го побаравме Игор да ни каже што може да очекува публиката која ќе дојде на овој празник на храната, виното и музиката и дали ќе ја свират „Стојаково блуз“. Еве го неговиот одговор:
 
„ Драги мои Гевгеличане. Со голема радост го очекуваме 15-ти септември, за да се дружиме. И не се вика Стојаково, туку Стојакво.
Ќе направиме избор од стари хитови и песни од новиот албум што го објавивме со Гуру Харе – Првите 30!
За сите што го набавиле албумот ќе го потпишеме со Гуру Харе. Очекувајте добра забава на 15-ти!
Се гледаме.
И обавезно ќе ја отсвириме Стојаково блуз

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *