ГОДИШНИТЕ ИЗВЕШТАИ И ПРОГРАМИ ЗА РАБОТА НА УЧИЛИШТАТА ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА НА ДНЕВЕН РЕД НА 31 СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ

WEB Телевизија во живо

Утре, на 6 септември 2023 година (среда), Советот на Општина Гевгелија ќе ја одржи својата 31. седница, на која ќе расправа по повеќе предлог-одлуки и решенија. Советот ќе расправа по Годишниот план за вработување на Општина Гевгелија за 2024 година, како и по Годишните извештаи за работа за учебната 2022/2023 година, Годишните програми за работа за учебната 2023/2024 година и Годишните програми за ученички екскурзии и слободни активности на основните училишта на подрачјето на општина Гевгелија.
Исто така, на претстојната седница, ќе се разгледува и Финансискиот извештај на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за периодот 1 јануари – 30 јуни, 2023 година. Седницата на Советот на Општина Гевгелија ќе се одржи во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 10:30 часот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *