ГЕНТРИФИКАЦИЈА НЕ, ГЕВГЕЛИЈА ДА! „БОШ“ НА МААЛСКИОТ ФЕСТИВАЛ 2.0 ВО СКОПЈЕ

WEB Телевизија во живо

Со изложби, работилници, концерти и раскажување маалски приказни, денеска започнува второто издание на Маалски фестивал во организација на КСП Центар Јадро.
Фестивалот ќе трае три дена, а последниот ден ќе биде во знакот на „Бош“.Гентрификација не, Гевгелија да! Третиот и последен маалски фестивалски ден, 24 септември (недела), ќе биде во знак на латиномакедонските културни работници од гевгелискиот фестивал БОШ, кој годинава слави јубилеј од 15 години постоење.
 
Во 18 часот во КСП Центар Јадро, ќе биде промовирано цедето „Срча“ по повод јубилејот на фестивалот БОШ. По промоцијата ќе следува и изложба на стрип-табли од графичката новела „Зомбиленд“, авторство на уметникот Горанд Дачев и текст на Емил Алексиев.
Второто издание на Маалски фестивал се затвори со музички настап на „Mammoth & Yashem“, експериментално музичко дуо, а понекогаш и квартет.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *